Метла за Атланта, Кливленд се пласира во НБА финалето

0
103

Кошаркарите на Кливленд ја освоија титулата во Источната конференција и со победникот од финалната серија на Западот помеѓу Голден Стејт и Хјустон ќе се борат за титулата во НБА лигата. Кливленд во четвртиот натпревар ја декласираше Атланта со 118:88 и со чисти 4-0 ја доби финалната серија на Истокот.

Кливленд по осум години повторно ќе игра во големото финале, а најсалужен за тоа е Леброн Џејмс кој во четвртиот меч го предводеше тимот до победата со 23 поени, девет скокови и седум асистенции.

Поддршка Џејмс доби од Џеј Ар Смит (18 поени, 10 скокови), Тринстан Томпсон (16 поени, 11 скокоци) и Кајри Ирвинг (16 поени, 4 скока, 5 асистенции).

Поразот и елиминацијата на Атланта од клупата го гледаше македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

Атланта го одигра најлошиот меч во серијата, играчите на овој тим шутираа за два поени со 42 отсто, а за три со мизерни 15 отсто.

Џеф Тиг со 17, односно Пол Милсап со 16 поени и 10 скокови беа најефикасни во редвите на ’јастребите’.

Голден Стејт или Хјустон ќе му се спротивстават на Кливленд во големото финале, во оваа серија Голден Стејт води со 3-1, а наредниот меч на програмата е во ноќта помеѓу среда и четврток.

Големото финале ќе започне во ноќта помеѓу четврти и петти јуни, а првите две средби ќе се одиграат на Западот во Оукленд или Хјустон.