Методија Величковски е нов началник на генералштабот на Армијата

0
276

Претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов вчера го потпиша указот за именување на нов началник на генералштабот на Армијата откако Горанчо Котевски претходно беше разрешен од должноста. Се шпекулира дека Методија Величковски е компромисното решение поради судирот на интереси кој настанал заради различните фаворити кои на функцијата сакале да ги протуркаат претседателот Иванов и владејачката партија.