Мевљут Ујсал избран за нов градоначалник на Истанбул

0
137

По двата неуспешни изборни кругови, на третиот изборен круг кандидатот на владејачката Патрија на правдата и развојот, Мевљут Ујсал беше избран за нов градоначалник на Истанбул.

На првите два изборни кругови немаше апсолутно мнозинство, поради што не можеше да биде именуван нов градоначалник. Откако партиите обезбедија апсолутно мнозинство со 179 гласови за градоначалник беше избран Ујсал, додека пак неговиот противкандидат Екрем Имамоглу освои 128 гласови.

Мевљут Ујсал е роден во 1966 година во провинцијата Алања, во близина на Анталија. До неодамна ја извршуваше својата функција како градоначалник во општината Башакшехир, на чија позиција беше избран во 2014 година.

Без коментари