Мигрант силувал баба на гробишта

0
227

Во Германија се случи нов случај на силување во кое мигрант (40) од Еритреја силувал постара жена на гробишта во градот Ибенбирен. Нападот се случил во неделата, а жителите на тој град ја известиле полицијата кога слушнале дека некој плаче и бара помош.

Жената која била жртва на нападот има 79 години и во вторникот излегла од болница. Таа често ги посетувала гробиштата каде е погребана нејзината сестра.

Напаѓачот, мигрант од Еритреја, во Германија живее од 2013 година, каде има статус на бегалец, а по нападот против него е поднесена пријава и задржан е во притвор за време на истрагата.

Напаѓачот не се опирал за време на апсењето, а казната која може да ја добие е до 15 години затвор.