Мигрант убиен во близина на бугарско-турската граница

0
428

Мигрант почина откако во него било пукано од страна на припадници на бугарската гранична полиција во Средеч, во близина на границата со Турција. Застреланиот мигрант починал на пат кон болницата. Бегалците биле на возраст од 20 до 30 години, најверојатно Авганистанци.

При апсењето тие давале отпор, а еден од полицајците пукал во знак на предупредување. Еден од мигрантите бил погоден со рикошет и тој подоцна починал од здобиените повреди. Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, кој вчера  учествуваше на самитот на ЕУ за бегалци, веднаш по веста за инцидентот на границата ја напуштил средбата во Брисел. Бугарија и Турција имаат заедничка граница во должина од 160 километри, а официјална Софија, со намера да го спречи приливот на бегалци од Сирија и Авганистан, го зголеми бројот на гранични полицајци, инсталира камери и сензори на границата и крена ограда.