Мигранти ја пробиваат заштитната ограда на Унгарија

0
286

Агенциите јавуваат дека мигрантите кои сакаат да ја поминат унгарската граница на неколку места ја пробиле заштитната гранична мрежа.

„Во текот на ноќта и во утринските часови откриени се неколку дупки во оградата на границата“, се вели во соопштението на полицијата.

Бегалците кои полицијата ги фатила ги испратила на привремените собирни центри. Мигрантите изјавиле дека ја пробиле оградата, бидејќи се плашеле дека границата целосно ќе биде затворена.

До скоро време бегалците можеа слободно да ја минат границата кај Реске без контрола, со надеж дека тие веднаш ќе се пријават на пунктот и ќе се регистрираат.

Но од 15 септември стапува на сила новиот закон кој го донесе унгарската влада и со кој се заоструваат начините за справување со бегалската криза.

Според новиот законик, на секој мигрант што нелегално ќе влези во државата му се заканува казна затвор од три години или ќе биди депортиран. Заострени се и казните за криумчарите на мигранти.

Во меѓувреме, Унгарија забрзано работи на изградбата на 3 и пол метарска гранична ограда долж границата со Србија.