Мигранти нападнале постари Германци што се обидувале да заштитат жена во минхенски воз

0
326

Двајца постари патници во метро во Минхен викендов биле нападнати од група млади мажи со арапско потекло, откако се обиделе да заштитат млада жена од сексуално малтретирање. Наводните азиланти полуделе кога постарите мажи се обиделе да ги запрат.

Нападот што се случил во воз упатен кон центарот на Минхен бил снимен со мобилен телефон од граѓанинот на Минхен Том Рот, кој го постираше на својата фејсбук-страница.

Клипот, кој трае помалку од минута, покажува како неколку млади Арапи напаѓаат двајца постари Германци, кои застануваат во одбрана на млада жена малтретирана од истата група.

Младите луѓе ги фаќаат Германците за раце и вербално ги навредуваат, еден млад напаѓач удира еден од постарите, а потоа го држи за врат од зад грб и му се заканува. Другите напаѓачи ги спречуваат другите патници да се вмешаат. Се гледа и како другиот Германец се бори со еден од мигрантите.