Мигранти одбиваат да слезат од автобус во Шведска

0
247

Група мигранти одбиле  да слезат од автобус во Шведска, бидејќи надвор им било студено и не им се допаѓаат куќите за сместување.Мигрантите се жалат дека се испратени на студен регион , во дрвени куќи во Ломедсфорсен, недалеку од границата со Норвешка, и  биле многу оддалечени од градот , соопштија локалните власти, цитирани од БГНЕС.

60-те мигранти пристигнаа со автобус во неделата вечерта и во Ломедсфорсен мораа да бидат регистрирани и да поднесат барања за добивање азил. Тие одбија да се симнат од автобусот, кога разбраа дека куќите се во локалната шума. Мигрантите побараа да бидат сместени во некој голем шведски град или да бидат вратени назад во Германија.