Мигранти повредени во сообраќајна несреќа во Унгарија

0
2131

Осуманаесет мигранти се повредени откако камион, управуван од Романец во четвртокот се преврте  во западниот дел на Унгарија.

Камионот се регистерски таблички на романскиот град Тимишоара превезувал 40 мигранти од Сирија. Возачот на камионот е уапсен под обвинение за илегална трговија со луѓе.

Романецот ги превезувал Сиријците од српската граница и требало илегално да ги внесе во Австрија.

Во сообраќајната несреќа освен мигранти, повреден е и возачот. Повредените Сиријци се хоспитализирани, а другите мигранти избегале.