Мигрантите го блокирале ЕУРОСТАР

0
1307

Над стотина патници биле заробени пет часа во пет брзи возови на Еуростар кои се обраќале од Лондон до Париз и Брисел. Блокиран бил патот кој води до англискиот канал Ла Манш, а мигрантите се обиделе да влезат во возовите.

Според податоците објавени на Твитер од страна на Еуростар, три возови рано наутро тргнале за Лондон, додека други два се вратиле на почетната станица.

Еуростар доцна синоќа на својот Твитер објавиле дека ќе ги задржат своите возови на станиците се одека властите не се изборат со луѓето кои илегално ги окупирале возовите. Локалните медиуми изјавиле дека се работи за мигрантите и дека сакаат да влезат во Велика Британија преку Еуротунелот.

Без коментари

LEAVE A REPLY