Мигрантите ја пресекоа оградата меѓу Србија и Унгарија

0
2092

Строгиот закон за државната граница, кој стапи на сила на полноќ, предвидува тригодишна затворска казна, за сите оние кои ќе се обидат илегално да ја преминат границата.

Група бегалци утрово ја пресекоа оградата меѓу Србија и Унгарија, па полицијата ги приведе 16 лица, кои се првата група мигранти на кои ќе им се суди според новиот закон.

Самата граница е физички затворена откако и последниот премин Суботица – Сегедин беше ограден со бодликава жица. Унгарската телевизија М1 пренесува дека оние мигранти кои успеале да преминат на нивнате риторија, со воз од 16 вагони биле пренесени на западната граница од оваа земја.