Мигрантите од Хиос масовно бараат азил

0
343

Како што јави дописникот на МИА од Атина, според истите извори, враќање на мигранти во Турција нема да има ни утре.

Во врска со информациите во некои грчки медиуми дека мигрантите кои денеска требаше да бидат депортирани од Хиос „се изгубиле“ и полицијата трага по нив, истиот извор за весникот нагласи дека тоа не е точно.

Мигрантите не се изгубиле, туку повеќето поднеле барање за азил и според меѓународните конвенции, не можњ да бидат вратени се додека не се разгледа нивното барање.

Центрите за сместување на Хиос не функционираат како затворени кампови. Нема ограда, но во нив нема ни услови за подолг престој, потсетува весникот.