Мигрантите палеа шатори и фрлаа камења, полицијата врати со солзавец

0
666

Мигрантите што одбиваат да го напуштат кампот „Џунгла“ во Кале пладнево запалиле три шатори откако пристигнале полицајци во полна опрема.

Како што пренесе Ројтерс, полицијата употребила солзавец, а меѓу 150 и 200 имигранти и активисти фрлале камења кон нив.

Британски Телеграф наведе дека во акцијата на полицијата, која следуваше по судската одлука за преместување на стотици мигранти од „Џунгла“, е уапсена една британска активистка под сомнение дека ги поттикнувала мигрантите да ја напаѓаат полицијата.

Како што пренесе Асошиејтед прес, француските власти почнаа да го уриваат овој див бегалски камп изграден во пристанишниот град Кале, во кој престојуваа илјадници бегалци и имигранти што се надеваа дека од таму ќе преминат во Британија. Работниците една по една почнаа да ги уриваат импровизираните куќички во јужниот дел на кампот.