Мигрантите сакаа да го пробијат кордонот, со камења повредија 18 полицајци

0
353

Од Министерството за внатрешни работи стигна официјална потврда денешниот инцидент на јужната граница, каде АРМ почна да подигнува ограда. Настанот се случил околу 13:30 часот на границната линија кај кота 59, каде е нарушен јавниот ред и мир од мигрантите кои се наоѓале на грчка страна на граничната линија Грција – Македонија.

12319807_10153163872495894_1234859116_n

„Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македоснка страна. Повредени се 18 полициски службеници, од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани се и неколку полициски и армиски возила и штитови“, информираат од МВР.

 Според министерството за внатрешни работи, состојбата во моментов е нормализирана.

Инаку, ова е втор ваков инцидент, откако пред два дена револтирани економски мигранти од Мароко, Алжир и Пакистан се обидоа насила да ја преминат границата, уривајќи дел од жичаната ограда на преминот. Тогаш мигрантите фрлаа камења кон македонските полицајци викајќи „Сакаме во Германија!“. Успеаја да урнат околу 30-40 метри од оградата.