Мигрантите се борат со студот

0
588

Студот и силниот ветар ја отежнуваат ситуацијата во прифатниот камп во Гевгелија. Во репортажата која ја направи и ја објави екипата на „БИРН“, се вели дека екипите на „Црвен крст“ имаат полни раце работа, бидејќи голем број деца се разболуваат поради ладното време.

Сите бараат топол чај и облека, се покриваат со кебиња, остануваат во центарот по неколку часа чекајќи го наредниот воз и продолжуваат кон Србија. Екипите на „Црвен крст“ имаат полни раце работа, бидејќи голем број деца се разболуваат поради ладното време. Неретко снемува и струја, а претставниците на УНХЦР апелираат да се воведе греење во кампот. Натоварени со кебиња и топла облека, бегалците се редат по педесетина во редица. Прво се пропуштаат мајките со децата, како и болните и изнемоштени лица.

Од УНХЦР за „БИРН“ велат дека условите во кампот се подобрени, но има уште многу предизвици. Најважно е да има греење, велат, тука е студено, има жени, деца, постари и болни лица, а со тоа се зголемува и можноста за појава на болести. Овие луѓе имаат права. Тие доаѓаат од земји каде што има војна. Полицијата врши одлична работа, организира, но би биле благодарни доколку нивните права се почитуваат во целост, кога ги организираат, кога ги редат во редици, да нема употреба на сила. Не сум видел употреба на сила, но луѓето патат, истоштени се и треба да се третираат хумано“, изјави Ариф Мохамад, претставникот на УНХЦР во Македонија.

Мохамад за БИРН изјави дека УНХЦР не врши дискриминација според националноста и побара секое лице што е затекнато на македонска територија, да биде хумано третирано.

Кампот во Гевгелија го посети Маркус Дулерт, претседавач на Европската мрежа на Омбудсмани за детски прашања, изјави дека кампот во Гевгелија сѐ уште не е подготвен за зимската сезона. 

– Луѓето се обидуваат да помогнат, невладините организации и персоналот на кампот се обидуваат да помогнат колку што е можно подобро, со најдобра намера. Има недостиг од ќебиња и од топлина, недостиг од сѐ. Како што можевме да видиме се случува еден вид хуманитарна криза пред очите на сите европски земји и мисам дека тоа е засрамувачки. Она што е потребно е централизирана координација на европските лидери за да им помогнат на овие бегалци кои се наоѓаат на европска почва – изјави Дулерт.

Без коментари

LEAVE A REPLY