Мигрантите се судрија со полицијата

0
277

Безредија и судир со бугарската полиција предизвикаа емигранти во бегласкиот камп во градот Харманли на југот на Бугарија. Емигрантите запалиле мебел и автомобилски гуми. Кампот пред два дена беше затворен поради извештај за епидемија на зараза.

Емигрантите фрлале камења и други предмети врз полицајците, кои употребиле воден топ за да ги разбркаат. Демонстрантите накратко ја пробиле оградата на кампот, но набрзо биле вратени назад.

По упадот на демонстрантите биле оштетени неколку згради, вклучувајќи ја и кантината.