Мигрантската криза – главна тема на самитот на ЕУ

0
467

Високи претставници на Германија и неколку други земји-членки на Европската унија (ЕУ) ке дискутираат со Турција начини за справување со илјадници сириски бегалци во пресрет на последниот самит на ЕУ оваа година.

Главна тема на состанокот е предлогот за упатување на бегалците директно од прифатилиштата во Турција кон други земји.

Но, германската канцеларка Ангела Меркел, движечка сила која стои зад ваквите планови, се соочува со отпор од другите членки на ЕУ.

Самитот на ЕУ, кој треба да се оддржи денес во Брисел, че се фокусира на мигрантската криза која предизвика поделби меѓу земјите на ЕУ.

Рекорден број на луѓе пристигнаа во Европа оваа година, а некои земји беа приморани да градат огради и да воведат контролни пунктови на своите граници, во пркос на безграничната Шенген зона на ЕУ.

Последниот предлог предвидува членките на ЕУ да ги прифаќаат сириските бегалци директно од Турција на доброволна основа.