Миграциската криза е на „пресвртна точка“

0
320

Миграциската криза во Европа се наоѓа на „пресвртна точка”, благодарение на договорот со Турција за запирање на илегалната миграција, кој ги покажува првите резултати, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за медиската група „Функе“.

Според договорот со ЕУ, Турција се согласи да помогне во одвраќањето на нелегалната миграција кон Европа во замена за забрзани преговори за членство, укинување на визите и финансиска помош.

Јункер изјави дека договорот склучен во март, веќе и помага на Европа да ги управува подобро миграциските текови. – Ние сме на пресвртна точка, изјави претседателот на Европската комисија.