Михајловиќ чека Инзаги да замине

0
230

Синиша Михајловиќ наводно веќе го ставил својот потпис на договорот со Милан, а официјализирањето на соработката ќе следува откако ќе замине Филипо Инзаги.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, српскиот стратег имал серија на состанови со првиот човек на Милан, Силвио Берлускони и со првиот оперативец Адријано Галијани. Договорот бил постигнат но проблем преставува Инзаги, односно неговото заминување, бидејќи Милан сака спогодбено да го раскине договорот тренерот.

Медиумите шпекулираат дека Михајловиќ потпишал двегодишен договор, со можност да биде продолжен за уште една година, според кој ќе заработи пет милиони евра.

Милан наредната сезона нема да игра во европските купови, а главна задача на Михајловиќ ќе биде да состави тим кој ќе може да се бори за титулата во Серија А.

Голема помош во остварувањето на таа цел ќе бидат милионите на новиот коспоственик Би Течаубол, кој минатата недела плати 500 милиони евра за 48 отсто од акциите на клубот.

Дел од овоие пари Милан ќе се обиде да ги искористи за да привлече неколку атрактивни играчи пред сите Џофри Кондогбија од Монако, Александар Коларов од Манчестер Сити, Џексон Мартинез од Порто, Дани Алвес можат да го добијат бесплатно бидејќи му истекува договорот со Барселона, а наводно приоритет на Милан е да го врати Златан Ибрахимовиќ.