Михајловиќ ќе го предводи Милан

0
185

Синиша Михјловиќ ќе биде новиот тренер на фудбалскиот клуб Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Договорот бил постигнат во вилата на првиот човек на Милан, Силвио Берлускони, односно на вечерата на која уште бил присутен и првиот оперативец на „росо-нерите“ Адријано Галијани.

Михајловиќ неочекувано стана прва опција за тренер на Милан, иако тој самиот неодамна изјавил дека никогаш не би можел да биде тренер на Палермо, Милан и Џенова.

Според италијанските медиуми, српскиот стратег кој сезонава со многу успех ја предводееше Сампдорија, официјалната промоција во Милан ќе ја има в понеделник.

Поранешниот српски селектор треба да потпише двегодишен договор, а веќе соопштил дека како засилувања ги сака Хозе Маури, Соријано, Манџукиќ и Де Јонг