Мијалков осомничен за тортура врз Бошкоски

0
446

Поранешниот директор на УБК и командантот на единицата Алфи се прво и второoсомничени во случајот Тортура за апсењето на претседателот на Обединети за Македонија за кој денеска Специјалното јавно обвинителство донесе наредба за спроведување на истражна постапка. Како што соопштија од СЈО вкупно за седум лица постоело основано сомнение дека сториле кривично дело „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“.

Првоосомничниот, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, како што рече обвинителката Фатиме Фетаи, поради дискриминација врз основа на различна политичка определба ги навел останатите осомничени службеници вработени во единицата Алфа да предизвикаат душевно страдање кај Бошкоски кој беше уапсен пред ресторанот Воденица на шести јуни 2011 година, ден по парламентарните избори.

Дел од осомничените за овој случај веќе биле на сослушување во обвинителството, но од таму заради постапката не открија дали меѓу нив бил и првообвинетиот. Фетаи додаде и дека против сите осомничени лица кои се уште работат во МВР до Основниот суд Скопје 1 ќе биде поднесен предлог за определување на мерка на претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.