Мијалков потврди дека му бил одземен приватен пиштол

0
418

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков го потврди инцидентот при кој му бил одземен приватен пиштол на аеродромот во Белград во четвртокот. За инцидентот синоќа објавија српските медиуми, според кои Мијалков при контролата во Белград рекол дека на аеродромот во Скопје не бил контролиран при влез во авионот.

Мијалков доцна синоќа во изјава за македонскиот Интернет портал Press24 рече дека при тргнување на пат земал торба која не ја проверил, пиштолот во торбата бил откриен на ренген на белградскиот аеродром. За случајот Мијалков дал исказ и објаснување, по што пиштолот е задржан, а тој го продолжил патувањето. Мијалков вели дека се работи за приватен пиштол, кој го поседува со дозвола и вели дека не поседува службено оружје од МВР оти е раздолжено по завршувањето на функцијата. Тој даде оставка на 12 мај.

Компанијата ТАВ, која управува со аеродромот Александар Велики во Скопје засега се уште нема коментар за тоа како пиштолот ја поминал безбедносната контрола, пишува Вест.

Без коментари

LEAVE A REPLY