Милан го официјализира Монтела за свој нов тренер

0
492

Винченцо Монтела 42-годишниот фудбалски тренер од наредната сезона ќе го предводи Милан. Поранешниот италијански репрезентативец со славникот клуб од Милано потпишал двегодишен договор.

Милан, минатата сезона ја заврши на седмото место на табелата и не успеа да се избори за настап во европските купови. Минатата сезона на клупата на Милан ја стартуваше Синиша Михајловиќ, кој доби отказ во март, а на неговото место дојде Кристијан Броки.

Винченцо Монтела минатата сезона ја мина во Сампдорија, а претходно три сезони ја предводеше иорентина со која во 2014 година го освои италијанскиот Куп.