Милитантната група ИД одговорна за нападот во Париз

0
290

Одговорноста за вчерашниот напад на Елисејските полиња во Париз во кој бил убиен еден полицаец, а двајца сериозно повредени ја презеде милитантната група Исламска држава. Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени дека станува збор за терористички инцидент и најави „апсолутна претпазливост“ во деновите пред претседателските избори на 23 април. Неколкумина претседателски кандидати ја прекинаа кампањата, а имаше и барање за одложување на изборите. Француската полиција соопшти дека напаѓачот бил убиен и оти по се изгледа дејствувал сам. Тој го паркирал своето возило до полициски автомобил при што почнал да пука од автоматска пушка.

http://www.slobodnaevropa.mk