Милошоски со пензионерите и за пензиите

0
340

Зголемување на пензиите за 10.25 %, дополнителна  програма за бањска рекреација на пензионерите која ќе важи за 22.000 пензионери  и рекреативни туристички викенди за 15.000 пензионери  е предвидено во  програмата „РЕАЛНО“ на ВМРО-ДПМНЕ, најави Антонио Милошоски,  носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5 по средбата со пензионерите.

miloshoski-2

-Она што го имаме како новина е воведување и на еден проект што ќе значи бесплатно вакцинирање за пензионери за одредени групи на пензионери кои имаат најниски примања. Сметаме дека пензионерите се, не само важен дел за нас како политичка партија, туку се уште поважен дел за нивните семејства на кој што со нивните можности им помагаат, рече Милошоски.