Милошоски во Битола на партиски прес

0
468

На партиски прес во Битола вчера беше пратеникот Антонио Милошоски.

„ До 11 декември ќе ги слушате политичарите, на 11 декември ќе го слушнеме гласот на народот и ние сме сигурни дека народот ќе си го каже своето, дека ќе застане во одбрана на Уставот на Република Македонија, на унитарноста на нашата држава без да му даде можност на кој било политичар да ја редефинира или да се поткусурува со националните интереси на Македонија, а за сметка на доаѓањето на власт или некакви лични амбиции“ истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Милошоски посочи дека истовремено оваа изборна кампања треба да биде на едно од највисоките нивоа, демократска, отворена, транспарентна, фер, со почитување на сите политички соперници.

„ Овој пат нема да допуштиме на кој било да даде какви било изговори за бегање од изборите или за наоѓање изговори за непризнавање на изборниот резултат. Бидејќи се работи за Македонија, за државниот интерес, за потребите на граѓаните кои сакаат инвестиции, нови проекти, патишта, образование, а не сакаат шпионирање и тргување со националните интереси “ потенцираше Милошоски.

Рече дека допрва партијата ќе одлучува кој на која листа ќе биде, а дека тие стојат на располагање да бидат дел од листите за овие избори.