Мини библиотеки низ Битола

0
478

Следејќи го трендот на современи библиотеки ни претствува посебна чест и задоволство што во рамките на БИТФЕСТ го промовиравме проектот „ИНСТАЛАЦИЈА НА МИНИ БИБЛИОТЕКИ ВО БИТОЛА“
NAUME

Со проектот даваме придонес кон развојот на културата и субкултурата на читање книги која како уникатна човекова активност се повеќе се натпреварува со електронските форми на пренос на информации во скратена форма.

Уште ценетиот Аристотел рекол: Кој не чита книги не може да има и да развива сопствено мислење и ставови“.

Поставувањето на мини библиотеки има за цел да го поттикни интересот за читање, размена на книги и социјализација на љубителите на книги како дел од субкултурата на живеење во нашиот град.

НУУБ „Св. Климент Охридски“ постави мини библиотеките на три локации во градот: паркот кај Саат кулата, холот на клиничката болница „Д-р. Трифун Пановски“ и наспроти кафе бар „Јагода“.

Љубителите на книги ќе можат да позајмат, книга да ја прочитаат и да ја вратат, но во исто време и да подарат книга на некој друг љубител.

Голема благодарност до Градоначалникот д-р Владимир Талески за поддршката на иновативните проекти и развој на културата во општина Битола преку најголемото и најдолгото најквалитетно културно лето БИТФЕСТ 2015.