Минимализам и асиметрија во колекцијата Shatter, на Лили Кадинска

0
474

Битолската дизајнерка Лили Кадинска која креациите ги потпишува под етикетата Le Brand, ja промовираше новата колекција за есен зима 2015, наречена Shatter, преку моден едиторијал.

Фотографиите на моделите Илина Наумова и Сара Дрогиршки,
ги направи долгогодишниот соработник на Кадинска, Владимир Видановски.

Колекцијата која прикажува минимализам и асиметрија, презентира модели во доминантно загасити бои, фустани, палта и палта со асиметричен крој, панталони и здолништа со едноставен крој, концентрација на високите јаки и игра со делот околу главата како печат на колекција.lili2

Креациите кои лесно се комбинираат меѓу себе, создваат заокружување за потребите на една модерна жена за следната сезона.
Дизајнерката во интервјуто за Тера телевизија, истакна дека дел од парчињата од новата колекција ќе се продаваат на онлајн продавницата на Bastet Noir и преку продавницата на Le Brand на Etsy.