Министерката за култура во Битола

0
1043

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска за време на денешната посета на Битола соопшти дека е задоволна од динамиката на реализација на активностите и проектите предвидени со Националната програма на Министерството за култура и Владата на Република Македонија.

Според Канческа-Милевска, сè што ѝ било ветено на оваа институција од стручните лица и водството на таа национална установа е реализирано во рок и со соодветна динамика.
„ Во моментов во Битола се реконструираат три фасади, и тоа фасадата на државното Музичко училиште, Гимназијата и Безистенот, и со потпишаните договори се очекува до крајот на оваа година трите фасади да бидат завршени. Обнова на фасадите, но и уредување на музејските поставки ќе се врши на меморијалните музеи на Стив Наумов и Гоце Делчев, со што музеите ќе го добијат својот автентичен лик екстериерно и ентерирено“ рече министерката за култура.

На средбата со новинарите во Битола министерката информира и за целосната обнова на Јени-џамија во галериски простор во кој ќе бидат изложени вредни дела што ги поседува НУ Завод и музеј-Битола.