Министерот Ибраимовски кај Ромите на Баирот

0
2214

Решавање на проблемот со сметот, подобрување на инфраструктурните проблеми и снабдувањето со вода и електрична енергија во битолските населби „Сточен пазар“, „Љубојно“ и „Петочна вода“, побара на прес-конференција министерот за имплементација на националната стратегија за состојбата на Ромите во Македонија, Самка Ибраимовски.

Прашан дали имаат анализа за досегашните проекти за Ромите и дали ќе оди во посета на други места, Ибраимовски одговори дека ќе направат пресек и ќе излезат со соопштение што е направено во делот на декадата и стратегијата на Ромите во Република Македонија.

– Ова е прва посета и ќе ги посетам сите градови во Република Македонија. На тој принцип и ќе ги направиме акционите планови и што се приоритети за подобрување на статусот на Ромите. Потоа ќе ја дадам предлог програмата за понатамошното работење на мојот кабинет, што ќе биде доставена до Премиерот, изјави Ибраимовски.