Министерот Ивановски во Битола го презентираше законот за општа управна постапка

0
1130

ivo ivanovski

„Граѓаните ќе добијат поефикасна администрација, ќе се заштедат ресурсите од државниот буџет а пред се ќе се заштеди времето на граѓаните“, вака рече денеска министерот за информатичко општество Иво Ивановски при посетата на Битола презентирајќи ги новините на законот за општа управна постапка. Една од најголемите новини која што ќе била воведена во администрацијата била тоа што роковите за сите управни постапки ќе биле до 30 дена. Институциите меѓу себе ќе комуницираат електронски, рече министерот. Законот за општа управна постапка беше донесен заедно со Законот за прекршоци и законот за парнична постапка.