Министерот Иво Ивановски се повлекува

0
180

Иво Ивановски, министерот за информатичко општество од септември веќе нема да биде министер, туку ќе биде на одговорна позиција во приватна меѓународна компанија.

Во изјавата за МТВ Ивановски вели дека и на таа позиција ќе има можност да работи во интерес на Македонија.

 Иво Ивановски е министер за информатичко општество од 2008 година кога за првпат овој ресор беше формиран како дел од кабинетот на премиерот. Неколку години подоцна на овој ресор му беше додаден и ресорот администрација.