„Министерот за информирање“ на IS убиен во Сирија

0
304

Таканаречениот „министер за информирање“ на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS), Ваил Адил Хасан Салман ал-Фајад загинал во бомбардирање на антиџихадистичката коалиција предводена од САД на 7-ми септември во близина на Рака во Сирија, соопшти во петокот Пентагон.

Според портпаролот на американското министерство за одбрана, Питер Кук, високо рангираниот припадник на Исламската држава ), Ваил Адил Хасан Салман ал-Фајад бил задолжен за видеоснимките со прикази на мачења и погубувања кои џихадистите масовно ги објавуваат на социјалните мрежи.

Бил близок соработник на вториот човек на Исламската држава, Абу Мохамед ал-Аднани кој загина во воздушен напад во Сирија на 30-ти август. Покрај тоа, бил „важен член“ на главното телот на џихадистичката групација – шурата, додаде Кук.

САД и коалицијата што ја предводат организирале кампања за ликвидација на челниците на Исламската држава, со цел да ја обезглават оваа група и да го забрзаат нејзиниот пораз во Ирак и во Сирија.

„Ликвидацијата на челниците на Исламската држава ја слаби нејзината способност да ја сочува својата територија и да ја задржи својата способност да планира, финансира и изведува напади во Ирак, Сирија и остатокот од светот“, истакна Питер Кук

makfax.com.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY