Министерот за одбрана на Хрватска даде оставка поради пожарите

0
1023

Министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ, поднесе оставка поради пожарите што ја зафатија земјата, јави ХРТ.

Тој вчера во попладневните часови пристигнал во Сплит, кој е најпогоден од пожарите. Во попладневните часови стигнала и војската.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, рекла дека војската можела да биде испратена на терен многу порано.

„Мислам дека од ова ќе научиме многу важна лекција. Тоа е тоа што го зборувам цело време. Потребна ни е стратегија и координација. Вооружените сили можеа да излезат порано на терен“, рекла Грабар-Китаровиќ.

http://makfax.com.mk

Без коментари