Министерот за внатрешни во посета на Битола

0
1461

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посети ПС Прилеп и СВР Битола како дел од планот за посети на полициските станици, со цел да се запознае со состојбите и проблемите што ги имаат вработените во МВР.

„Ефикасноста на полицијата се зголемува, што е добра вест. Интенцијата е да се врати довербата на граѓаните во полицијата.Има проблем со недостаток на полицајци, како и со материјално-техничките средства, но најважно од се е да посветиме внимание на професионалноста и на департизацијата  на полицијата. Тоа е пораката што денеска ја упатив до началникот и до сите старешини во СВР Битола и ПС Прилеп. Не смее никој да ја злоупотребува својата позиција за партиски интереси, изјави Оливер Спасовски министер за внатрешни.