Mинистерствата ќе ги прегледуваат сите вработувања по распишувањето на предвремените избори

0
444

Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведена проверка на законитоста на процесот на вработување од денот на распишување на предвремените парламентарни избори до денот на изборот на Владата на Република Македонија. На седницата е донесена одлука задолжуваат сите министерства најдоцна во рок од 15 дена да извршат проверка на податоците и да изготват интегрирани евиденции на податоци што се однесуваат на вработувањата во овој период во министерствата, како и во органите во состав на министерствата, а Државниот управен инспекторат и Државниот инспекторат за труд веднаш да поведат постапки за вршење на вонреден инспекциски надзор за примената на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор во однос на постапките за вработување спроведени во периодот од денот на распишување на предвремените парламентарни избори до денот на изборот на Владата на Република Македонија во сите институции, установи и органи што ги применуваат Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор во постапките за вработување на јавни службеници.

Без коментари