Министерство за здравство предупредува: Од отровите за кучиња, може да страдаат деца

0
253

Фрлањето отрови за кучиња-скитници може да биде исклучително опасно по здравјето на луѓето, апелира Министерството за здравство.

„Посебно апелираме на поголема свесност и совесност дека злоупотребата на овие материи директно го загрозува и здравјето на децата, кои лесно може да дојдат во допир со фрлените отрови на јавни површини. Според стручните лица во областа, за оваа намена најчесто се користат пестициди, или други опасни и токсични хемикалии, кои во директен допир со човекот може да предизвикаат и фатални последици, а дури и вдишувањето вакви хемикалии може да создаде трајни последици по респираторниот систем.

Имајќи предвид дека од здравствен аспект, овие материи се исклучително опасни како за животните, така и за луѓето, уште еднаш апелираме дека лицата одговорни за предизвикување смртен исход со вакви дејства, може кривично да одговараат согласно позитивните прописи во Република Македонија“, предупредува Министерството за здравство.

http://www.mkd.mk