Министерството за финансии го објави граѓанскиот буџет за 2018 година

0
239

Министерството за финансии денеска на својата веб страница го објави граѓанскиот буџет за 2018 година во кој се претставени клучните информации од предлог-буџетот на РМ за 2018 година,што владата го достави до собранието.

Според првиот финансиер Драган Тевдовски  за разлика од обемниот и детален предлог-буџет  граѓанскиот буџет е направен да биде едноствен и разбирлив и за граѓаните кои не се економисти.

Ова е втор последователен граѓански буџет што министерството за финансии го објавува. Претходно беше објавен граѓанскиот буџет за 2017 година, што беше усвоен од собранието на РМ во август годинава.