Министерството за финансии најавува тужби против СДСМ

0
293

Министерството за финансии најави дека ќе поднесе соодветни тужби до сите кои со клевета го нарушиле угледот на институцијата во врска со еврообврзницата. Од таму истакнуваат дека еврообврзницата е издадена законски, но дека СДСМ продолжува со неосновани тврдења да го нарушува меѓународниот углед на земјата.

Претходно СДСМ преку соопштение најави дека ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии Кирил Миноски и против заменик министерката за правда Билјана Бришковска во врска со издавањето на последната еврообврзница.