Министрите и замениците министри од СДСМ депонираа условени оставки

0
361

Министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ депонираа условени оставки на функциите кои бараат да се активираат доколку Собранието вечерва се самораспушти.

-Целта на преодната Влада беше да организира фер и демократски избори. Јасно е дека во вакви услови не може да се одржат избори на 24 април. СДСМ нема да учествува на такви избори. Бараме оставките да се констатираат пред да се распушти Собранието, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во име и на неговите колеги, Фросина Ременски, Кире Наумов, Љупчо Никовловки и Александар Кирацовски.

На прашање дали со ова го прекршуваат договорот од Пржино, Спасовски рече дека договорот е пркршен во моментот кога без консензус Собранието донесе одлука за одржување избори на 24 април.