Министрите на СДСМ ќе прават кадровски смени, замениците ќе имаат право на вето за изборни активности

0
311
Министрите на СДСМ во преодната влада на Груевски нема да бидат англиска кралица, нивните замениц ќе имаат право на вето за активности што се однесуваат на изборите уште од првиот ден на нивниот избор.
Истите услови ќе важат и за замениците на СДСМ во земјоделство, администрација и финансии. Доколку се појавии спор во одредено министерство дали одредена забрана се однесува на избори или не, ќе решава ДИК.
Кадровските смени влегуваат во ингеренциите на Оливер Спосовски и Фросина Ременски.
“Министрите на опозицијата ќе можат да прават кадровски измени, но на секој нов назначен функционер од нивна страна, заменикот ќе биде назначен на предлог на заменикот министер од ВМРО ДПМНЕ. Двајцата новоименувани функционери ќе имаат врзани потписи.“, стои  во Законот за Влада
Законот за „бомби“, стана закон за заштита на приватноста. „Бомби“ Заев ќе може да реобјавува и тоа и во изборна кампања, но не и преслушувани разговори што се однесуваат на приватноста на луѓето. Од опозициајта брифираат дека  во законот е предвидена точна дефиниција за приватност, како и казни за нејзиното прекршување.
„Доколку медиум објави приватен разговор на прислушувано лице, за кој нема јавен интерес, ќе се казни со парична казна предвидена во Законот за прекршоци . Нема да има казни за новинарите.Предвидени се и  парична казна и за операторите кои овозможуваат неовластено прислушување, казната ќе биде во висина од 10 отсто од профитот на компанијата. Набавувачот на материјалите со кои се прекршила приватноста, може да заглави во затвор од 1-5  години. “, стои во Законот за Влада
Популарно наречениот закон за „бомбите“ ќе стапи на сила шест месеци по донесувањето во Собрание, затоа што ќе се чека на мислење од Венецијанската комисија. Партиите договориле, овој пат мислењата на Венецијанската комисија да бидат задолжителни и во рок од пет дена препораките да се вметнат во законот.
Анкетната комсија ќе ги истражува политичката одговорнсот и содржината на „бомбите“. Ќе биде од 16 члена, а претседател и змаеник од СДСМ. Ќе донесе препораки, а првиот извештај ќе биде во јануари.
Со Изборниот законик се затворени прашањата околу рекламирањето на партиите и донациите за кампања. Медиумите нема да можат да бидат донатори, се намалуваат донациите од правните и физичките лица, ДИК ќе може да пондесува кривична и прекршочни пријави, а ќе има и финансиски извештаи од партиите до ДЗР.
Медимите ќе мора да понудат простор за платена реклама за сите партии. ДИК мора да се конституира 15 дена,  откако ќе помине законот.
Прецизиран е и законот за т.н. свиркачи. Дојавувачите ќе имаат институционална заштита , а превидено е да дадат заштитени и нивните семејства и поблиски роднини.
Законите ќе бидат допрецизрани денска, а во Собрание се очекуваат следната недела.