Министрите од ЕУ денеска повторно на средба заради бегалската криза

0
275

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ ќе се состанат денеска во Брисел за уште еднаш да разговараат за бегалската криза, но и за ситуацијата во Сирија и Либија.

На состанокот, според најавите од Брисел, ќе бидат разработени заклучоците кои на 8 октомври ги донесоа министрите з авнатрешни работи и правда во Луксембург за заедничката политика за решавање на мигрантската криза, што вклучува и јакнење на контролата на надворешните европски граници и поефикасна депортација на лицата на кои им е одбиен азил.

На денешниот состанок ќе бидат разгледани и резултатите од средбата на високо политичко ниво со колегите од Западен Балкан, исто така одржан на 8 октомври во Луксембург, кога беше усвоена заедничка декларација за јакнење на регионалната соработка, со цел во координација со ЕУ да се зајакнат капацитетите за прифаќање и регистрација на мигрантите кои преку Западен Балкан се обидуваат да влезат во ЕУ.