Министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија на средба во Солун

0
184

По иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на 4 и 5 октомври во Солун ќе се одржи средба на шефовите на дипломатиите на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, објавија грчките медиуми.

Тоа ќе биде втора средба од таков формат во рамки на напорите на грчката дипломатија за зајакнување на регионалната стабилност и трансграничната соработка меѓу соседните земји од јужниот дел на Балканот. Настанот ќе биде со поширок дневен ред и претставува продолжение на неодамнешните контакти на Коѕиас со неговите колеги од овие три земји за време на Генералното собрание на ОН од 18 до 22 септември во Њујорк.

Целта на дипломатската средба е да биде потврдена институционалната соработка меѓу четирите земји, кои треба да решаваат безбедносни прашања и да се борат против екстремизмот, тероризмот и радикализација.

Без коментари