Минусни температури утрово во Берово, Тетово и Битола

0
443

Најниска температура утрово е измерена во Берово минус шест. Температури под нулата се измерени и во Тетово и Битола минус два, и во Крива Паланка, Демир Капија и Струмица минус еден.

Во Маврово, Прилеп, Скопје, Штип, Дебар и Куманово нула, во Кавадарци еден степен, два во Лазарополе, Охрид, Претор и Виница, 4 во Гевгелија и 6 степени во Дојран и Крушево.

Утринава во земјава времето е сончево и студено со мала до умерена облачност. По одделни котлини како и јужниот дел на Повардарието има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Воздушниот притисок утрово е многу висок, и е за 15 мерни единици повисок од просечниот, но во текот на денот ќе опаѓа.

Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб  ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од 16 до 22 степена.

Сончево со мала облачност и со слаб  ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 18 степени.

Нашето подрачје и понатаму ќе биде во поле на атмосферски систем со висок воздушен притисок и стабилна и сува воздушна маса. До среда под влијание на потопла воздушна маса дневните температури ќе бележат благ пораст, а условите за појава на утринска магла ќе бидат мали. Од четврток ќе потпаднеме под северно воздушно струење кое ќе предизвика постепено опаѓање на дневните температури.

Без коментари

LEAVE A REPLY