Мировници на ОН присилувале девојчиња на однос со куче

0
397

Обединетите нации наведуваат дека пријавени се повеќе од 100 нови случаи на злоставување кои ги правеле војниците во мировните мисии во Централноафриканската република, меѓу кои и наводи дека присилувале девојчиња на односи со куче.

Генералниот секретар Бан Ки Мун изјави дека „до срж е шокиран“ од последните извештаи.

Американската група AIDS-Free World до ОН доставила извештај во кој се наведува дека четири девојчиња биле одведени во франсуски воен камп каде биле врзни и приморани на однос со куче.

Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, изјави дека тим истражители што ОН го испратила во областа Кемо интервјуирале 108 наводни жртви на сексуално злоставување, поголем дел малолетнички, што се случувало од 2013 година до сега.

Од вкупно 69 пријави за сексуално злоставување, од Централноафриканската репблика се 22.

Дижарик вели дека не може да ги потврдат наводите на извештајот од групата AIDS-Free World за злоставување девојчиња во што бил вмешан и командантот на француските сили во 2014 година, но дека случајот се истажува.

Во тој извештај се наведува дека на секое девојче му се дадени 5.000 централноафрикански франци или околу 9 долари, а едно од девојчињата подоцна починало од непозната болест.

Амбасадорот на Франција при ОН, Франсоа Делатр, вели дека наводите се „болни и одвратни“, и вети дисциплинска постапка за одговорните ако наводите се покажат точни.

Бан Ки Мун вели дека е шокиран од тврдењата и дека ОН обрнуваат внимание на тие извртени и вознемирувачки наводи. Смета дека ОН мора да се усогласат со земјите членки кои единствено имаат моќ да ги дисциплинираат своите сили, а тоа е суштинско значење за враќање на довербата во мировните сили.

За злоделата обвинети се Бурунди, Габон и Франција, а нивните влади се известени и треба да преземат мерки да ги сопрат своите војници да не прават такви дела, смета високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Ред ел Хусеин.

Мировниците од ОН во Централноафриканската Република и во Конго со месеци се под будното око на јавноста поради наводно сексуално злоставување на децата. ОН имаат повеќе од 100.000 мировници распоредено во 16 мисии во светот./крај/со/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY