Мислел дека се сретнува со девојче, го пречекале полицајци

0
1669

Белградската полиција благодарение на една мајка уапси 66-годишен педофил кој преку Фејсбук намамувал девојчиња, и со кои преку социјалната мрежа договарал средби со цел да има полов однос со нив, јавува српски Телеграф.

Драган Живановиќ бил уапсен кога дошол на средба со, како што верувал, 11-годишната Ј.Н. Тоа што не го знаел е дека комуникацијата со него наместо девојчето ја одржувала нејзината мајка. Во договор со полицијата таа го намамила педофилот.

Малолетничката веднаш на својата мајка ѝ кажала дека добила барање за пријателство од непознат маж. Мајката тогаш го презела нејзиниот профил и педофилот го пријавила во полиција. Од разговорот со него мајката на малолетничката заклучила дека тој своите жртви ги бира преку Фејсбук, па така стигнал и до нејзината ќерка.

„Седум дена се допишував со него, а тој мислеше дека зборува со мојата 11-годишна ќерка. Ми се јави и на телефон, а јас го менував гласот да личи на детски. Ми зборуваше гадости од кои ми се повраќапе. Ми испраќаше фотографии од својот полов орган, но и фотографии на кои девојчиња со лицето се свртени кон неговото меѓуножје. Преписката се случуваше главно ноќе, до раните утрински часови. Во договор со полицијата продолжив да се допишувам со него и да разговарам“, вели мајката на девојчето.

По допишувањето договориле средба кај автобуска станица. Но, наместо девојчето, Живановиќ го дочекале полицајци. Кај него нашле таблети „вијагра“ и „камагра“, но и мобилен телефон кој ѝ го ветил на „девојчето“ во замена за средбата.

www.mkd.mk