Мистеријата за босанските пирамиди презентирана пред битолчани

0
644

Мистеријата за босанските пирамиди од 2005 тата година, се повеќе го привлекува вниманието на светската јавност.Во Битола свое предавање на оваа тема пред многубројните присутни имаше д-р. Семира Османагиќ.

 

– Повеќе од стотина години нè учат дека пирамидите се градени само во Египет и Мексико, и тоа како гробници или како церемонијални места за жртвување. Тоа не  е вистина. Пирамидите се присутни на сите континенти во светот и многу независни истражувачи го имаат докажано тоа користејќи ги најновите сателитски, георадарски и геотермални инструменти и методи, и со тоа ја отвараат вратата на новата вистина и новата историја за Пирамидите во Светот- вели за Тера телевизија д-р Семир Османагиќ, научник и истражувач.

Османагиќ ги има истражувано пирамидите во Перу, Хондурас, Мексико, Салвадор, Боливија, Кина, Маурициус, Гватемала и многу други земји во светот. Во 2005 година ги открива Босанските Пирамиди во Високо, поради што е и примен во Руската Академија на Природни Науки како најмлад член на таа институција во која се наоѓаат и неколку десетина истакнати добитници на Нобеловата награда. После потврдата на истакнати египетски научници за постоењето на Пирамидите во Босна, тој патува низ целиот свет и предава за Босанските Пирамиди.

Повеќе од разговорт со д-р.Семир Османагиќ во видеото во продолжение.