Митинг на СДСМ во Битола

0
1406

Предизборниот караван на СДСМ и нивната коалиција за локалните избори започна од Битола.

„Во последната деценија Битола го изгуби сјајот. Раскопани улици, младите си отидоа, а тие се богатеа на нашиот грб. Доста е, промени мора да се случат. Промените се наши и ќе се случат на 15 октомври во првиот изборен круг. Битола нема време за чекање, овие избори се за поинаква Битола, која ќе биде перспективна. Ќе направиме гасификација по примерот на Струмица, а ќе имаме и сообраќаен режим и нови паркиралишта. Младите ќе имаат повеќе простор за разни спортови преку мултифункционалниот спортски центар што ќе го изградиме. Ќе ги зголемиме капацитетите во градинките и домовите за старите лица, а минато ќе биде ѓубрето расфрлано низ градот. Ќе се облагородат месните заедници, кои ќе бидат топли катчиња на нашите граѓани. Современите услови во училиштата се основни приоритети кои мора веднаш да се спроведат и тоа е должност на секоја локална власт“, рече кандидатот за градоначалник на СДСМ Наташа Петровска на синоќешниот митинг во Битола.

„Денес од вас повторно, исправен овде во Битола, ја барам вашата поддршка за да живееме подобро и достоинствено. Да живееме каде што сме родени, каде што учат нашите деца, каде што работиме, во современи општини, во горда, наша Република Македонија. Покажавме дека водиме нова политика. Политика од збор.
Политика која значи служење на граѓаните, а не владеење со нив. Секое село и секој град, со вас заедно мораме да ја заокружиме победата и да обезбедиме промената да биде комплетна. Да работиме заедно за во сечиј дом да бидат видливи резултатите од промените. И Македонија ни е се што имаме. И борбата, и храброста беа патриотизам. И иднината за нашите граѓани е патриотизам. И денес во 21 век, патриотизам е живот за сите, живот во Битола, живот во Македонија“ рече Заев на митингот во Битола.

Од говорницата се обрати и Валентин Груевски носител на советничката листа.

Без коментари