Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Битола

0
7156

Битола секогаш била и ќе биде столбот на Република Македонија, оваа година изборите ги водиме во зима, затоа што Заев и Шекеринска се плашеа да излезат на избори на 5 јуни, затоа за 10 дена нема бегање од изборите, ова не се фантоми ова се битолчани, две години ги трпевме да ја кодошат државата, ја дестабилизираа, фрлаа со бои, но со бои тие можат само да станат молери, а не политичари, изјави Антонио Милошоски носител на кандидатската листа во ИЕ 5, на големиот митинг во Битола.

snap-2016-12-01-at-22-31-01

-Затоа од овде порачуваме на 11 декември ќе победи народот, а не фантоми, во програмата „Реално“, Битола е приоритет и затоа ќе се изгради голема спортска сала, со базен, со ватерполо терен, како и со гимнастичка сала, овој проект ќе чини 13 милиони евра. Во Битола ќе се воведе гасот како енергенс во домаќинствата, ќе се изгради и топлификација за да можат граѓаните да се загреваат на гас, ќе се реновира и болницата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го решава проблемот со воздухот во Битола, ќе им помогне во почиста околина, но доколку само ако бидеме сојузници меѓу себе. Пред три години сведоци сме на опожарениот планинарски дом Копанки дека домот ќе биде обновен и заедно тој ќе стане центар на цела Битола, истакна Милошоски.

snap-2016-12-01-at-22-30-19

-Радмила Шекеринска деновиве зборуваше за просечна плата од 30.000 денари, но да ве потсетам дека кога таа беше вицепремиер просечната плата изнесуваше 11.000 денари. Таа ветуваше во 2002 година вработување во секое семејство и затоа наследивме огромна невработеност бидејќи се залагаше за огромна вработеност. Заев цело време не тормози, ни предизвикува тензии и не држи во заложништво, но јас би му порачал да се согласат и тој и Шекеринска на една политичка работа, тој што ќе победи да му подаде рака и да му честита на победникот, за да престанеме веќе да го малтретираме народот, а тоа е во интерес на целата држава, потенцираше Милошоски.

snap-2016-12-01-at-22-30-41

Две нови компании ќе инвестираат во Битола, најави Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, на митинг во Битола.
-Турска компанија која се занимава со метало-преработувачка индустрија одлучи да инвестира во зоната Жабени. Инвестицијата е од 8 милиони и 600 илјади евра и планираат најмалку 110 нови работни места. Тие веќе имаат купено земја во Жабени, а градбата ќе започне за некој месец, следната година, а стартувањето со производство најдоцна една година потоа.
На оваа инвестиција, додаде Груевски, работеше министерот Џери Наумоф по потекло од битолско и двајца од кабинетот на претседателот на Владата, Данчо Николовски и Слободан Тодоровски, кои заслужуваат честитки.

snap-2016-12-01-at-22-39-38

На митингот во Битола беа претставени кандидатите за пратеници во петтата изборна единица, а се обратија и битолските кандидати од оваа листа, како и дел од коалиционите партнери на ВМРО ДПМНЕ од Коалицијат За подобра Македонија.

snap-2016-12-01-at-22-29-25

Претходно митинг одржаа во Демир Хисар.