Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Скопје

0
520

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски вечерашното обраќање на големиот сенароден собир во Скопје го започна порака дека остануваат уште само 14 дена до победата. Тој го продолжи говорот со благодарност до гостите од Европа.

– Сакам овој голем митинг да го започнам со изразување на голема благодарност на нашите пријатели од меѓународната заедница, министерот за надворешни работи на Австрија и потпретседателот на Европската народна партија, кои дојдоа тука денес заедно допатуваа да ни изразат поддршка во пресрет на овие избори и заедно да докажеме дека Македонија има европска перспектива, и дека местото на Македонија е во ЕУ и НАТО, и да им покажат на сите скептици дека заеднички можеме тоа да го сториме, Македонија да оди напред и да почне една нова ера за нашата држава.

Сакам на овој голем собир искрено од срце да се заблагодарам до лидерите на најголемата политичка коалиција во Македонија, нашата коалиција за Подобра Македонија, со кои рамо до рамо се држевме за време на кризата и кои беа и останаа покрај нас верувајќи во пријателството и партнерството базирано на заеднички вредности и идеали, а мал дел од нив ни се приклучија неодамна. Благодарам за Љубисав Иванов Ѕинго, Стефче Јакимовски, Иван Стоилковиќ, Кенан Хасипи, Амди Бајрам, Бојо Андрески, Авдија Пепиќ, Мите Костов, Бајрам Берат, Гоце Цветковски, Ванчо Шехтански, Страшо Ангеловски, Драган Василески, Живко Јанкуловски, Никола Атанасовски, Ѓонул Бајрактар, Владимир Голубовски, Салко Куч, Миљазим Сакипов, Чедо Николовски, Ерџан Селими, Слободан Угриновски, Неждет Мустафа, Ердоган Сарач и Шабан Салиу. Благодарност за сите нив за заедничката борба.

narod-5

Сакам да порачам, продолжуваме заедно напред после новата голема победа на овие избори која ќе ја добиеме, продолжуваме со реформи и силно темпо во новото историско време пред нас да работиме сплотено за интересите на нашата држава и народ, за интересите на нашите граѓани, рече Груевски.

Потсетувајки се на најголемиот митинг во историјата на државата од 18-ти мај на истото место, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ оцени дека тоа било резултат на љубовта на народот кон својата држава.

– Сигурен сум, се сеќавате на нашиот огромен митинг на 18-ти мај на истото ова место, митинг според многумина според многумина прогласен за најголем во историјата на државата, кога реки народ од сите страни на државата и главниот град доаѓаа кон ова место, горди и со високо кренати глави. Сите тие луѓе дојдоа тогаш со една работа во своето срце – љубов кон државата! Знаејќи јасно што е што, и кој е кој, што и се случува на државата и свесни дека од секој од вас зависи во каква насока ќе оди државата! Свесни за неправдите, но и сигурни во тоа во што сите ние и сите вие верувате! Просперитетна Македонија, земја на напредок и реформи, држава на соживот, земја без кризи туку со решенија и со одење напред, порача Груевски.